Ликовна уметност - категорија

лавира повеќе

лавираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изработи, изработува цртеж со туш или со мастило, постигне, постигнува привидна релјефност со темни и светли нијанси на иста боја.
Албански: lavirim, vizatim me tush ose ink

лазура повеќе

мн. лазури
Вид збор: Именка, женски род
Проѕирна боја за премачкување на веќе готова слика.
Албански: lazure

лик повеќе

мн. ликови
Вид збор: Именка, машки род
Слика, цртеж, фигура, портрет на човек.
Англиски: portrait Албански: figurë, portret
Примери:
На ѕидовите беа закачени само славни историски ликови.

ликовен повеќе

ликовни
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на област на уметноста во која спаѓаат уметностите како што се сликарство, вајарство и cл.
Примери:
Ликовен израз.

литограф повеќе

мн. литографи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со литографија; цртач на камен.
Англиски: lithographer Албански: litograf
Апарат за литографија.
Англиски: lithograph Албански: litograf

литографија повеќе

мн. литографии
Вид збор: Именка, женски род
Графичка техника на умножување цртежи, слики или текстови кои претходно cе исцртуваат на литографски камен односно метална плоча и потоа се отсликуваат на хартија.
Англиски: lithography Албански: litografi
Слика изработена на тој начин.
Англиски: lithography Албански: litografi
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - ц - ч - ш